Британска амбасада: Наводите од прислушуваните разговори се многу сериозни, истрага мора да има

Од:

Наводите кои произлегоа од прислушуваните разговори се обемни и многу сериозни. За нив е потребна целосна, независна и транспарентна истрага, порача денеска британската амбасада во Скопје, по одлуката на судот да ги изземе прислушуваните разговори како докази.

„Амбасадорот Гарет не би можел да коментира детали од судската одлука, но истрага мора да има, а за неа ќе биде надлежен специјалниот обвинител договорен од сите страни потписнички на договорот од Пржино.

Тој треба да биде назначен до 15 септември и рокот мора да се почитува за да може овој битен процес да продолжи“, се вели во ставот на британската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски