Брима Галуп: СДСМ и БЕСА имаат предност од 6.2% пред ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Последното истражување на агенцијата Брима Галуп, покажува дека СДСМ е водечка партија согласно поддршката на испитаниците. На прашањето „Доколку се одржат парламентарни избори денес, за која политичка партија или колаиција ќе гласате?“, 18,7% од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Потоа, ДУИ добила 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на калицијата која ја предводи Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6. На анкетата, 16,1 отсто од граѓаните се изјасниле дека нема да гласаат, 9,3 одбиле да одговорат, 11,2 неодлучни гласачи.

Во однос на политичарите за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба. На второ место, по Заев, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кого најголема доверба имаат 4.2% од граѓаните. На трето место, зад лидерите на двете најголеми партии, се наоѓа министерот за здравство Венко Филипче со поддршка од 3,8%, а зад него со 3,5% се наоѓа претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа следуваат лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со поддршка од 2,9% додека речиси изедначен со него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поддршка од 2,8%. На листата понатаму се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со поддршка од 2,4%, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со поддршка од 1,3%.

Во однос на Договорот од Преспа граѓаните се изјасниле околу тоа колку се согласуваат со следното тврдење: Промената на името во Република Северна Македонија и имплементацијата на Преспанскиот договор ќе придонесе кон подобрување на генералната ситуација во земјава. 40,7% од граѓаните се изјасните дека целосно или делумно се согласуваат со ова тврдење, додека 36,8% целосно или делумно не се согласуваат со ова тврдење. 15,3% ниту се согласуваат ниту не се согласуваат 4,4%. 

Во однос на излезноста на изборите 41% од граѓаните се изјасниле дека сигурно ќе гласаат додека 18,3% дека сигурно нема да гласаат. Останатите би гласале со различен степен на веројатност, но со поглема наклонетост кон гласање отколку кон неизлегување на изборите.

Телефонската анкета е спроведена во периодот од 5 до 14 јуни, а учествувале 1202 испитаници.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он