Бренгелман: Останува одлуката од Букурешт – прием во НАТО штом се реши името

Од:

Македонија ќе добие покана за членство во НАТО веднаш штом се најде решение за разликите со Грција околу името, повтори денеска помошникот на генералниот секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика Дирк Бренгелман  по средбата со шефот на дипломатијата Никола Попоски.

Бренгелман нагласи дека останува одлуката од Букурешт што беше потврдена и на самитот во Чикаго.

– НАТО е најмногу заинтересиран за напредокот во владеењето на правото, правосудството и медиумите. Воедно се залага за целосно имплементирање на Рамковниот договор и за развој на меѓунационалните односи, што е тешко, но е реално и остварливо, рече Бренгелман.

Според министерот Попоски, во текот на разговорите заедничка била констатацијата дека Македонија е сериозен партнер на Алијансата и заемна ќе биде придобивката од нејзиното што поскоро зачленување.

Одговарајќи на новинарски прашања, Попоски рече дека се уште нема одговор од грчкиот премиер Самарас на писмото на премиерот Груевски, но се надева на позитивна реакција.

Во врска со именувањето амбасадори и шефови на македонски дипломатски претставништва во странство, Попоски рече дека не сака да шпекулира зашто процесот се уште не е завршен.

– Нема да шпекулираме со имиња додека процесот не биде во зрела фаза. Но кога тоа ќе се случи, ќе го споделиме, истакна министерот за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија

Иран ги обвинува НАТО и европските земји за соучество во нападите меѓу САД и Израел

Муцунски: Одлуките од самитот во Анкара ќе го зајакнат НАТО

Русија го осуди самитот на НАТО: Нивните одлуки би можеле да имаат катастрофални последици