Брегу: Нема друг пат за заедничка европска иднина, освен преку владеење на правото

Од:

Северна Македонија и Албанија со нетрпение ја исчекуваат одлуката за отворање преговори со ЕУ, во средината на октомври. Тоа се рефлектира на целиот регион, како потреба за да се продолжи со започнатите реформи и да се преземат наредни чекори во правец на процесот на европски интеграции, рече Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за соработка (РЦЦ) отворајќи ја денеска во Тирана конференцијата на високо ниво под назив „Клучот е во правосудството“.

На состанокот учествуваат министри од Западен Балкан, меѓу кои и министерката за правда Рената Дескоска, како и претставници на правосудсни институции, од граѓанското општество и медиуми.

– Не е случајност што овој состанок се одржува токму денеска во Тирана, додека наредниот министерски состанок за правосудство, од иста причина ќе биде организиран во Скопје. Владеењето на правото е фундаментално за сите нас и тоа не само поради ЕУ интеграциите, за што независно, одговорно и ефикасно правосудство е од витално значење, рече Брегу.

Потсети дека овогодинешниот Балкански барометар покажува дека 56 отсто од граѓаните во регионот го поддржуваат членството во ЕУ, но 75 проценти се незадоволни од правосудниот систем и сметаат дека е корумпиран.

– Граѓаните од Западен Балкан од своите влади очекуваат владеење на правото – реформа на правосудството за независни, одговорни, ефикасни и доверливи системи. На тој начин на кој економиите ќе ги направиме посилни, поотпорни, ќе им се овозможи да се развиваат и да станат сигурно место за своите граѓани – место во кое луѓето ќе сакаат да останат, а не да сонуваат да си заминат. Младите посебно – да им се обезбеди достоинствена прилика да ги продолжат своите животи и кариери во сопственото општество. Клучот е во правосудството, посочи Брегу.

Оцени оти не знае колку време ќе биде потребно за да се стигне до таа цел, бидејќи, како што рече, минатото се уште е присутно, сегашноста е бледа, а иднината е во процес на „работите се во тек“, и поради тоа нема друг пат за заедничка иднина туку преку консолидација на владеењето на правото.

На конференцијата се обрати албанскиот премиер Еди Рама и министерката за правда Етилда Ѓонај, како и амбасадорот на ЕУ во Албанија Луиџи Сореца.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески