Двајца браќа со нож нападнале и им нанеле убодни рани на двајца братучеди од село Ропаљце кои се во животна опасност.
Како што соопшти МВР вчера околу 20 часот во село Ропаљце, општина Липково, при семејна расправија, Л.О.(19) и неговиот 17-годишен брат им нанеле убодни рани на нивните братучеди, нa браќата Х.О.(31) и Х.О.(29). Истите се неконтактибилни и по укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово биле префрлени во Клинички центар Скопје.
Двајцата напаѓачи биле обезбедени, а од СВР Куманово преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.