Братот на Обама утре доаѓа во Македонија

Од:

Абонго Малик Обама, братот на американскиот претседател Барак Обама, утре доаѓа во Македонија.

Тој во Скопје ќе ја прими Балканската Повелба за мир на фондацијата „Барак Х. Обама“, која го носи името на таткото на Барак Обама, претседател на САД и добитник на Нобелова награда за мир. Наградата ја доделува Балканскиот клуб на мирот. После церемонијата, делегација на Балканскиот клуб на мирот во придужба со Малик Обама ќе замине во Мировна мисија низ Балканските земји. Настанот ќе се одржи во хотелот Алекандар Палас со почеток во 16 часот.

Балканскиот клуб на мирот е меѓународна организација формирана од членови од 12 земји од Балканот, призната од многу меѓународни организации. Првата Балканска Повелба за мир беше доделена на град Скопје, родниот град на Мајка Тереза и добитничка на Нобелова награда за мир. Во иднина ќе се доделат и Балкански повелби за мир на организации,медиуми и поединци кои помогнале да се зачува мирот во светот.
Full article

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он