„Бранот“ го удри и охридскиот капетан

Од:

Охридските бродари се изненадени од смената на Љупчо Настевски, досегашен капетан во Капетанија Охрид. Иако важеше за човек кој има силна позадина во структурите на владеачката партија, тој е прв функционер во Охрид што го зафати новиот вмроовски бран.

Свежината од Охридското езеро удри токму на Капетанија на пристаништа. Бродарите за А1 велат оти никој не очекувал токму Настевски да биде сменет а почнала да се подобрува и соработката со него.

„Не изненади, никој не очекуваше. Тие согледаа дека во нив е грешката и затоа се подобри соработката во последно време. Немаше доволно познавање на почетокот но почна да се подобруавам“, рече Зоран Гилевски капетан на брод „Алекснадрија“.

Не очекуваат кој знае што од новиот капетан, но бараат да биде по стручен од досегашниот. Велат дека има многу работи кои треба да се подобрат.

„Ова е жива материја и има многу работи за средување. Пристаништата овде и во Свети Наум се раскопани, а тоа е еден од условите за поголема безбедност. Сега нивото на езерото е покачено се излегува и влегува лесно, но што ќе биде на 1 август кога водата ќе биде за пола метар пониска. Тогаш што ќе правиме? Треба копање, требат пари, треба инвестиции“, рече Зоран Гилевски, капетан на бродот „Александрија“.

За времето на Настевски се случи и најголемата несреќа во Охридското езеро, кога потона бродот Илинден, а загинаа 15 бугарски туристи. Тогаш одбраната на бугарите бараше и одговорност и од Капетанија. На адреса на веќе поранешниот капетан беа упатувани и разни критики дека бил нестручен, без соодветно образование и доволно познавање на проблематиката.

И покрај тоа што Настевски е разрешен од функцијата прв човек на охридската капетанија, како што дознаваме тој во моментот се наоѓа службено во Хрватска. Неофицијално бил на едукација за капетан иако повеќе не е на таа позиција. Дали ова значи дека тој ниту знаел за одлуката на неговата партија.

А1 дознава дека за оваа примамлива фотеља биле заинтересирани повеќемина кандидати иако во Македонија мал е бројот на оние кои се експерти во оваа област, а кој работат надвор од земјава. Извори од ВМРО – ДПМНЕ за А1 велат дека за сега нема ниту едно име не се фаворизира.

Експертите велат дека она што треба да го направи новиот капетан е да инсистира на дополнително регулирање на законот за внатрешна пловидба. Неопходен е и систем на радиоврски помеѓу капетанијата и бродовите но и оти мора да има барем основни познавања на проблематиката а не да е правник, електро или машински инжињер или пак со завршен факултет за туризам.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион