Брана на река Отиња – дел од новиот просторен план на Источна Македонија?

Од:

Во Општина Штип се одржа првата средба меѓу претставниците на Агенцијата за просторно планирање, Центарот за развој на источниот плански регион и претставници на единаесет општините од Истокот.На состанокот беше разговарано за активностите што ќе бидат преземени во рамките на програмата за зачувување на природата во Македонија.

Овој проект е поддржан Швајцарската амбасада и за него тиеимаат обезбедено 4.000.000 швајцарски франци, од кои една третина ќе бидат наменети за изработка на просторен план во источниот регион на Македонија. Целта на овој проект е зачувување на природата иодржлив локален економски развој на Брегалничкиот регион. Програмата, исто така, поддржува и интервенции на национално ниво, кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и на природата воопшто.

Програмата за зачувување на природата во Македонија е координирана од претставници од Швајцарската организација HelvetasSwissIntercooperation и локалниот партнер од Македонија – Фармахем од Скопје.

„Просторниот план е стратегиски документ, кој има цел да ги разреши проблемите на населението во урбаните средини. Што преставува просторниот план и која е неговата цел ќе биде разговарано на следните состаноци. Денешниов состанок беше искористен за формирање на координативно тело преку кое ќе се одвива соработката меѓу Министерството за животна средина и општините од Истокот. Во иднина ќе биде изготвен нацрт-план, а ќе се врши и стратегиска оценка на влијанието на овој предлог-план“, изјави Виолета Јанкова од Агенцијата за просторно планирање.

И покрај најавите од странана претставниците на Општина Штип дека ќе се разговара за можноста од вметнување на промени во новиот просторен план што се однесуваат на браната на река Отиња, ова прашање воопшто не се најде на дневниот ред на состанокот.

Прашањето за брана на рекатаОтиња повеќе од две децении ја окупира штипската јавност. Овој проект требаше да биде реализиран со средствата од самопридонесот, но според последната изјава на градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев ,најверојатно овој проект нема да биде спроведен, бидејќи работите на терен се изменети. На просторот каде што е планирана изградба на брана веќе се изградени викенд-куќи за кои е започната и постапка за легализација, а постои и опасност браната да се наполни со песок и шут, доколку овој дел од градот не се пошуми.

Захариев најави дека до Советот ќе достави предлог средствата од самопридонесот, наместо за изградба на брана на рекатаОтиња, да бидат искористени за изградба на водоводната линија 2.

Дали браната ќе биде дел од новиот просторен план на источна Македонија, според локалните власти, допрва треба да се одлучува.

М.Р.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации