Божиновски: Од Камчев и Јорданов примив 42 илјади евра

Од:

Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на интернет весникот „Буревесник”, постираше текст на својот фејсбук профил под наслов „Зошто ЈОРДАНКЕ, боса по плочице!?

„Не постои во Македонија и пошироко ЕДЕН ЧОВЕК кој сум го уценувал и рекетирал! Ова да им го кажеш ЕКСКЛУЗИВНО на сите во Македонија. Во критичниот период додека се одвива следењето на вчера уапсената група со која НЕМАМ НИКАКВА ВРСКА освен пријателска и екс пријателска оти ја изневериле мојата доверба, значи од 2007.-2011., со двајца бизнисмени, ОРЦЕ КАМЧЕВ и МИНЧО ЈОРДАНОВ, исклучиво на НИВНО БАРАЊЕ имам соработувано и за таа соработка сум примил вкупно 42.000 евра.

Од Камчев 12.000 евра во текот на целата 2010., по договор за консултантски услуги. Платено е на сметка на моја фирма во РМ. За ова екипата од ФОКУС беше транспарентно известена од мене преку курирчето НОНКОВИК. Му дадов фотокопијка од ДОГОВОРОТ СО ОРЦЕ, на кавепиење у кафе бар ВЕНЕЦИЈА! Сумата во тек од една година е наплатена од мене, по месечни фактури кои се испорачани и на време платени. Од Минчо Јорданов имам примено 30.000 евра (во неколку рати во негова канцеларија во МАКСТИЛ!) како преддоговор за мој ангажман во весникот НОВА МАКЕДОНИЈА, кој подоцна беше спречен од АЛЕКСАНДАР ДАМОВСКИ САДАМ, со уцена кон МИНЧО: ИЛИ ОН ИЛИ ЈАС! Ми одговараше да отстапам па отстапив, за мир у куќа! А и немав обврска на Јорданов да му ги вратам парите. На крај да знаеш што е новинарство, ЈОРДАНКЕ ќе ти го кажам и ова: тоа што КАМЧЕВ и ЈОРДАНОВ ме финансирале НА НИВНО БАРАЊЕ (имам сведоци, посредници!) и од нивни причини и резони, воопшто не го довело мојот НОВИНАРСКИ кредибилитет и со тие пари не ме купиле до степен да не пишувам за нивните криминали. Па затоа кај мене на ФБ и на порталот БУРЕВЕСНИК ќе сретнеш подоста објави баш за КАМЧЕВ и за ЈОРДАНОВ. . .

Ако дале пари и купиле услуги од мене за определен временски период кој истекол на МОЕ БАРАЊЕ, не значи дека мене ме купиле ЈОРДАНКЕ! И сега ти ЈОРДАНКЕ размисли па пиши пак јавно: ИМА ЛИ ЛОГИКА ЈАС ДА РЕКЕТИРАМ И УЦЕНУВАМ!? Или вака постави ги работите, поправо запрашај се. Ако јас уценувам и рекетирам, зошто немам автомобил никаков, зошто немам ниту стан, вила, викендица, зошто живеам од плата цели 15 години колку што потрошив да напишам околу 5.000 текстови за најбитните медиуми во РМ? Зошто моето единствено богатство се двете ќерки и внуката родена пред две недели? И зошто Јорданке после све што поминав во РМ, си заминав?“

Би можело да ве интересира

Хрватскиот шпион кој беше уапсен во Белград „заработи“ 30 дена притвор

Горан Наумовски

Во Србија уапсен хрватски шпион

Американски војник издавал тајни на Кинезите за војната во Украина и плановите за Тајван

БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

Српски офицер шпионирал за бугарската тајна служба

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении