Божиновска се закани со масакр, ќе имало „Ноќ на долги ножеви“

Од:

Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за односи со верските заедници, синоќа пред Државната изборна комисија упати закани кон опозицијата и кон ДИК да внимава како одлучува по приговорите и да не помисли да одлучи да ја поништи, како што велат, војлата на народот.

Во спротивно, се закани претседателката на Комисијата за односи со верските заедници, која треба да се грижи за еднаквост, толеранција и помирување, ќе се случи „Ноќ на долгите ножеви“.

Облечена во скапоцена бунда, Божиновска, која беше еден од најголемите противници и критичари на Никола Груевски, сега токму тоа ВМРО-ДПМНЕ кое го напаѓаше, го брани дури и со закани.

Инаку „Ноќ на долгите ножеви“ е операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим ликвидирал најмалку осумдесет и пет луѓе од политички причини.

За масакр на политичките неистиомисленици ли се залага Божиновска?

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски