Божиноски: Ништо од ветувањето на власта за нов Градски стадион во Прилеп

Од:

Ветувањето на власта за изградба на современ градски стадион во Прилеп никогаш не се оствари. Градоначалникот Марјан Ристески во соработка со ФФМ најави целосна реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп со пари од УЕФА, вели Валентин Божиноски – Член на Советот на Општина Прилеп.

Помпезно најавуваа изградба на нова покриена трибина со 5.000 седишта, модерни соблекувални и простории за службени лица, најмодерен терен со дренажен систем по највисоки стандарди на УЕФА, како и рефлектори за ноќно играње.

Но, од сето тоа, нема ништо!

Откако во Јули оваа година го ископаа теренот и се сликаа со обвинетиот Никола Груевски, локалните власти ништо повеќе не  направија. 

Тревата која никна сама по себе, говори за запуштеноста на теренот.

Играчите на ФК „Победа“ немаат елементарни услови за тренинг, а сите натпревари на кои се домаќини ги играат на туѓ терен и тоа во Битола. 

Конечно, после 8 години, Победа е повторно во првата лига, а прилепчани се уште не можат да се израдуваат на прволигашки натпревар во Прилеп.

Само за потсетување, советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот на СДСМ фудбалерите на ФК „Победа“ да се наградат со 1 милион денари општински пари за влезот во првата лига.

Фудбалски Прилеп не го заслужува ова! Победа како еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија заслужува модерен и функционален стадион.

По 11 Декември, се обврзуваме дека Прилеп повторно ќе стане развиен фудбалски центар како што беше некогаш.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема