Божиноска: Овозможете повеќе мамографи – во тетовската Клиника нема термин, нема кадар

Од:

„Не си сама! Прегледај се! Дајте ни термини на државно! Вработете онколози! Овозможете повеќе мамографи – во Тетовската клиника нема термин, нема кадар!”, ова се само дел од пораките што ги упатија жените од ЛО Левица – Тетово и кандидатката за градоначалничка на Општина Тетово од Левица, д-р Катка Божиноска, во рамки на активноста посветена на жените и борбата против ракот на дојка, во рамки на месецот на свесност – Розов октомври.

„Оваа акција е чин на солидарност, но и гласна реакција на игнорантскиот однос на институциите. Во Тетово сè уште нема достапни термини за мамографија, нема доволно кадар, нема онколози. Тоа мора да се промени,“ изјави кандидатката за градоначалничка на Тетово, д-р Катка Божиноска.

На настанот, жени-членки, активистки и поддржувачки на Левица, облечени во розово како симбол на солидарност со жените кои се соочуваат со рак на дојка, испратија моќни пораки на поддршка, охрабрување и барања за подобрување на здравствениот систем.

Целта е да се подигне свеста, но и да се повикаат надлежните да ги преземат неопходните мерки за навремена дијагностика и достапна здравствена заштита.

Кандидатката за градоначалничка на Тетово од Левица додаде дека ќе продолжат со секојдневни активности, на терен, со народот.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира