Божиќен добротворен концерт за оргуљи

Од:

Амбасадата на Италија и католичката Бискупија во Скопје вечерва организираат Божиќен добротворен концерт за оргуљи во просториите на католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“.

Концертот ќе го одржи реномираната италијанска органистка со богато музичко искуство во и надвор од Италија, Валентина Лонго. Концертот ќе трае околу еден час, а потоа, во дворот на катедралата ќе се одржи добротворен базар со италијански продукти.

Приход од концертот ќе биде наменет за добротворни цели, поконкретно за активностите на СОС Детско Село – Македонија, здружение кое повеќе од десет години работи со дечиња сираци или пак деца од социјално најзагрозени семејства.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет