Бошњаковски: Нема генерален недостиг на лекови

Од:

Не станува збор за генерален недостиг на лекови во аптеките, туку се работи за недостиг во одреден број аптеки поради сезонски ефект. Тоа е објаснувањето на експертите, рече портпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Владата во врска со тврдењата за недостиг на лекови во аптеките по 10-ти во месецот.

Во одреден период од годината, потенцира Бошњакоски, побарувачката на одредени лекови е поголема од очекуваното, како што е оваа година.

– Тоа е тој ефект што се случува, рече владиниот портпарол, а за подетални информации упати на Фондот за здравствено осигурување ФЗОМ.

Би можело да ве интересира

Во Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците ќе има вработувања, ако има реална потреба

Се подготвуваат новите табли со Република Северна Македонија

Наум Локоски

Бошњаковски: Алатката за отчетност на министрите ќе биде ажурирана

Наум Локоски

Бошњаковски: Владата не се меша во судството, целта на амнестијата е помирување

Наум Локоски

Бошњаковски: Се преземаат конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето

Наум Локоски

(ВИДЕО) Бошњаковски: Со принципите на транспарентност и отчетност Владата воспоставува нови практики

Наум Локоски