Бошњаковски: Добро е што се поднесуваат оставки од морални причини

Од:

Им честитаме конечно на поединци во Македонија и добро е што дојде време да се поднесуваат оставки од морални причини. Тоа е добро, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, коментирајќи ги оставките во Антикорупциската комсиија.

Според Бошњаковски, треба да се почека да заврши целиот процес за да се види како ќе оди назначувањето на нови членови во Комисијата.

– Во однос на тоа како ќе продолжи, да почекаме да заврши тој процес и доколку се поднесе колективна оставка или во која било форма понатаму ќе видиме како се процесира назначување нови членови на ова регулаторно тело, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања.

По извештајот од внатрешната ревизија во Комисијата по кој уследија оставки на претседателот на ДКСК Игор Тантуровски и на членот на Комисијата Игор Тантуровски и Горан Миленков, денеска оставка поднесе и членот на оваа Комисија Жаклина Дамчевска.

Во извештајот се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски