Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Од:

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.

Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.

„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.

Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.

„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.

На крај повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што како советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка