(ВИДЕО) Шекеринска – Бошковиќ: Црна Гора ја поддржува Македонија да биде 30. земја-членка на НАТО

Од:

На покана на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во официјална посета на Македонија престојува црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ.

Шекеринска изрази задоволство што преку приемот на Црна Гора во НАТО се потврдува дека политиката на отворени врати за членство во Алијансата продолжува. Шекеринска истакна дека тоа е инспирација и доказ дека кога има посветеност на стратешката цел, таа е достижна.

„Република Македонија во изминатиот период фокусот го стави на таа своја стратешка цел, членството во НАТО и потоа членството во Европската Унија. Вклучени сме во сериозни реформи, внатрешни, домашни, со кои што ќе покажеме дека Република Македонија верува и го почитува владеењето на правото, независноста на медиумите, битката против корупција и ги исполнува критериумите кои се сметаат за политички критериуми за членство во НАТО“, рече министерката.

Црногорскиот министер за одбрана Бошковиќ посочи дека двете земји имаат длабоки пријателски, братски врски и дека искуството на Црна Гора за влез во Алијансата може да биде од голема корист за Македонија.

„Црна Гора ќе биде најголем промотор на интересите на Македонија во европските и евроатлантските интеграции, не само поради тоа што Македонија ни е мила и драга земја, туку затоа што сметаме дека тоа е во најдобар интерес на Црна Гора, бидејќи само стабилен и обединет регион може да биде добра основа за економски раст и развој во целиот регион што е потреба за сите граѓани кои што живеат во овој регион“, рече министерот Бошковиќ.

Министрите потоа во касарната „Гоце Делчев“ учествуваа на свечената заклетва и промоцијата на потпоручници на Воената академија. На свеченоста заклетва дадоа 32 новопримени питомци, од кои 23 од Македонија, пет од БиХ, двајца од Црна Гора и двајца од Косово, а во чин потпоручник беа промовирани 22 питомци од Македонија, по двајца од Црна Гора и Косово и еден од БиХ. На свеченоста во почетен офицерски чин беа промовирани и 41 слушател со завршен стручен курс за оспособување и усовршување.

Би можело да ве интересира

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

Орце Костов