Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски e донесен со лисици во СЈО, каде ќе одговара на прашања на некој од обвинителите.
Не е познато дали Бошкоски ќе одговара за предметот „Кампања“ или за предметот „Ровер“, за кој се чека одговор од Јанева дали ќе го превземе случајот.
Претходно СЈО веќе го побара предметот „Кампања“ во нивна надлежност за кое на Бошкоски му остануваат уште три месеци во затворот „Идризово“.
Со оглед дека сите затвореници досега добиваат три месеци наградно за добра владеење се очекува доколку нема политички притисоци за петнаесетина дена Бошкоски да биде на слобода.