Борисов објави видео од разговорот со Мицкоски: Ние поткрепиме се што е позитивно за Македонија и Бугарија

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на самитот на Европските народни партии во Загреб се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која Борисов го прашуваше Мицкоски за неговите политички ставови.

„Дали сте за европската перспектива на Северна Македонија“, праша Борисов, на што доби одговор од Мицкоски дека сите што се делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, тој, Муцунски, Ѓорчев и Николоски, или се школувале во земјите од ЕУ или во Америка, или пак се женети за Американка и нема дилема дека се прозападно ориентирани.

„Вие поткрепите ли договорот со Бугарија“, го праша Борисов на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Сѐ ушто може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија, ние „поткрепиме“, тука не треба да има дилеми – му одговара Мицкоски.

„Антибугарската реторика не само што мора да биде забранета, туку и не е правилна. Не бевме окупатори на никој. Читањето на историјата е таква каква што ја напишале историчарите и каква што со векови ја прифаќаме. Ако сакаат да напредуваат, вредностите се јасни“, рече Борисов.

ВМРО-ДПМНЕ претходно испрати соопштение за средбата, но не и дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат договорот за добрососедство со Бугарија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски