А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Борисов: Бугарија не треба да ја ревидира позицијата кон Македонија

by А1он30/07/2013 - 10:3430/07/2013 - 10:35166
Share0

Секоја ревизија на бугарската позиција за членството на Македонија во ЕУ е штетна и опасна за националните интереси, предупредува поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов по средбата во неделата меѓу премиерите на Бугарија и на Македонија, пренесува бугарскиот весник „Дневник“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според него, „враќањето кон политиката на компромиси и отстапки нема да придеонесе ниту за поголеми права на лицата кои се изјасниле како бугарски граѓани во Македонија, ниту да го запре говорот на омразата, ниту пак за откажување од националните, етничките и последователно територијалните претензии“.

– Бугарија безусловно треба да ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија и нејзиниот пат кон европските вредности. Таа позиција не треба во никој случај да биде за сметка на националните интереси на Бугарија и со компромис за нашето историско и културно наследство. Орешарски треба јасно да каже – прво договор, па поддршка, вели Борисов.

Според лидерот на ГЕРБ, првиот неопходен услов за поддршката на Бугарија треба да биде договорот за добрососедство во кој јасно ќе бидат определени како правата така и обврските на Македонија.

Во средината на февруарим неколку дена пред да поднесе оставка како премиер Бојко Борисов со неговиот македонски колега Никола Груевски презедоа ангажман за развој на политичкиот дијалог и активирање на средбите на високо ниво меѓу двете земји.

Следете a1on на Youtube YouTube

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски во неделата по средбата со премиерот Никола Груевски во Ќустендил изјави дека Бугарија ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, но инсистира на договор за добрососедство.

bugarija

Би можело да ве интересира

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он22/09/2026 - 16:11

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он12/09/2026 - 10:35

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он08/09/2026 - 17:2408/09/2026 - 17:37

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Горан Наумовски25/08/2026 - 21:36

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:42

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 12:3618/08/2026 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео