Борел доаѓа во Скопје со порака до македонската влада: корупцијата сериозно го „минира“ условениот датум на преговорите

Од:

Високата политичка и институционална корупција во Северна Македонија станува се’ поочигледна и сериозно го „минира“ процесот пред условениот старт на преговорите. Темелните вредности – владеење на правото и борба со корупцијата се сериозно поткопани во Северна Македонија, а бројот на сојузници во враќањето на довербата е недоволен, односно недоволно чесен и кредибилен во намерите. Ова утрово на брифинг го порачаа двајца високи неименувани дипломати од кабинетот на потпретседателот на Европската комисија и од Европската служба за надворешни работи, задолжен за Северна Македонија и Албанија, а во пресрет на официјалната посета на Скопје на високиот претставник за европска и безбедноста политика, Жосеф Борел.

На брифингот, како што дознава „А1он“, дипломатите испратиле серија пораки за граѓанското општество и политичките елити, кои се поврзани со процесот на преговори со ЕУ. Неименуваните високи ЕУ дипломати ја истакнале клучната улога која граѓанското општество ќе ја има во следните месеци директно поврзана со евроинтегративниот процес, додека во РСМ тече техничкиот скрининг. Високите неименувани дипломати бараат поголема инволвираност во граѓанските организации и целокупното општество во овој процес со недвојбена посветеност кон ЕУ агендата и користење на ЕУ фондовите за граѓанските организации и медиумите, со цел дополнително зацврстување на улогата која овие општествени групи и заедници го имаат.

Дипломатите истакнале дека се свесни за одреден благ пад во ЕУ поддршката кај граѓаните. Сепак, напредокот во отворањето на кластерите и следните фази, напоменуваат дека ќе зависи од политичкиот консензус во земјава. Дипломатите изразуваат загриженост и за три главни состојби во делот на медиумите и граѓанското општество – се поголемото влијание на хибридните закани со цел да извршат ерозија на довербата во системот на земјата и го поткопаат ЕУ пристапниот процес и преговори; зголеменото ширење на дезинформации и лажни вести, како и недоволната посветеност на дел од про-ЕУ декларираните организации кон Европската Унија и интеграцијата на земјата.

„ЕУ институциите со мандат за соодветни истраги за европските проекти и грантови сиот овој период имаат тесен фокус врз Северна Македонија и Албанија. Претстојните месеци ќе бидат особено сензитивни од политички аспект, затоа очекуваме ромбусна проевропска поддршка од нашите локални партнери – граѓанското општество и медиумите. Повеќе од очигледно е дека на овој пат во процесот се повеќе се појавуваат противници. Затоа морате дополнително да ги реафирмирате заложбите, посветеноста и вредностите, преку конкретни активности на краток и среден рок. ЕЕАС и ЕК прават напори за дополнителна структурна поддршка на повеќе целни групи и сектори со што веруваме дека ќе се ефектуира поголема политичка волја во процесот кој никако не треба да застане“, беше речено на денешниот брифинг.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов