Акo за 48 часа не издејствувате привремено затворање на фабриката Железарница, очекуваме да ја напуштите владината коалиција. Во спротивно, повеќе нема да бидете добредојдени на нашите протести, им порача на Лилјана Поповска и нејзината партија ДОМ иницијативата Загрижени граѓани поради загадувањето во Скопје.
„Доколку во рок од 48 часа Вие како коалиционен партнер во владата на Република Македонија и вашиот заменик министер за животна средина не издејствувате привремено затварање на фабриката Железара се до поставувањето на еколошките стандарди, очекуваме од Вас да ја напуштите владината коалиција во рок од 24 часа од изминувањето на дадените 48 часа. Во спротивно граѓаните поддржувачи на оваа иницијатива Ви порачуваат дека нема да бидете добредојдени на нашите протести“, се вели во соопштението.