Борците најавуваат протестен марш

Од:

Сојузот на борците на Македонија повторно доби судски налог за иселување од просториите на третиот кат во Домот на воени инвалиди откако веќе еднаш одби да замине по интервенцијата на судските извршители. Вториот рок, со кој им се дава време на борците да ги испразнат просториите, е на 19 декември, односно оваа среда кога е закажано присилно иселување доколку не ја испочитуваат судската одлука.

– И покрај недобиените одговори од Апелационен суд, Републичкиот судски совет и Комората на извршителите да биде одложено иселувањето на Сојузот до дочекот на крајот на судењата, добивме известување доколку до утре не ги напуштиме просториите и ги предадеме на Сојузот на воени инвалиди, ќе бидеме присилно иселени со асистенција на полицијата – вели Петар Карајанов, член на Управниот одбор на Сојузот.

На истиот ден на кој е закажано присилното иселување, немајќи повеќе како да реагираат, од Сојузот во 10 часот ќе организираат протестен марш по улиците на Скопје, кој ќе помине покрај Собранието, а ќе заврши пред Владата, за да го изразат незадоволството од, како што велат, политизираните одлуки на судството и неморалните процеси. Тие ги повикуваат сите поддржувачи на слободарските традиции да им се придружат и да го искажат несогласувањето со политиката која ги поништува, според нив, темелите на оваа држава.

Би можело да ве интересира

Во Сирија до сега загинале 93 косовски државјани, таму се наоѓаат уште 65 лица

Сојуз на борци: Безбедносниот систем на државата е во целосен распад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Борците бараат Коце Трајановски да го врати споменикот на паднатите скопјани

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Борците дискриминирани, власта се плаши од вистината

Ана Ололовска

За Сојузот на борци нема место во одбележувањето на 11 октомври

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поддршка од борците за Жерновски

Ана Ололовска