Борче Митевски, кандидат за градоначалник на Петровец од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија во Општина Петровец и актуелен градоначалник Борче Митевски вечерва ја промовираше својата програма за следниот мандат.

Главниот акцент во следниот мандат на Митевски, како што истакна на промоцијата на Програмата, ќе биде подобрување на животот на граѓаните во општина Петровец, преку намалување на невработеноста, реконструкција на патната инфраструктура…

– Во следниот период ќе воведе мултифункционалност во индустриската зона Чојлија, но ќе отвориме уште една индустриска зона од 100 хектари која ќе се протега од ’Ржаничино до Катланово. Општина Петровец ќе биде посакувана дестинација на странските инвеститори што ќе влијае на невработеноста во општината, посочи Митевски.

Тој додаде дека е планирана изградба на ново училиште, нов културен дом и детска градинка. Во програмата за подобра општина Петровец планирана е и изградба на нова спортска сала, детски забавни паркови.

– Ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните, и натаму ќе ги помагаме социјално загрозените фамилии, спортските клубови и верски заеднии, нагласи кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец.

Тој изрази надеж дека граѓаните на општина Петровец ќе му ја дадат довербата повторно за, како што рече, да може да продолжи да работи во нивен интерес. Вети дека ќе продолжи да работи како и досега, со цел да ја направи општина Петровец поубаво место за живеење.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме