ВИДЕО: Бомбите не беа пуштени во судницата – Врховен ќе одлучува за изземање на судии во „ТНТ“

Од:

Бомбите не беа пуштени во судницата на денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Следното рочиште е закажано за 13 април годинава. Врховниот суд треба да одлучи дали судиите за кои адвокатите на обвинетите во ТНТ побараа изземање заедно со претседателот на судот и апелациони судии може да одлучуваат во овој предмет, бидејќи специјалната обвинителка Катица Јанева спомнала во интервју оти има телефонски разговори со судии кои, како што рекоа адвокатите, водат предмети на СЈО.

Станува збор за тројца поротници и двајцата судии Осман Шабани и Огнен Ставрев. Тие бараа да бидат изземени и претседателот на судот, Џолев Иван, Пајазит Пајазити и судиите на Апелациониот суд, Лидија Димчевска и Сафет Кадрии. Ова е втор случај во кој се бара изземање на судиите по „Топлик“, каде што беше побарано тоа, но судот не дозволи. Адвокатот на судот му достави цеде од емисијата и транскрипт.

На рочиштето за „ТНТ“ требаше да се слушаат 26 аудиоразговори од т.н. бомби во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Во овој предмет обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски,Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на Општина Гази Баба уште три милиони денари.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он