Бомба за Јанушев: Ако ја видам наредниот пат, ќе ѝ дадам еден бокс во фаца

Од:

На нов канал на „Јутуб“, овој пат именуван како „Обнова на режимот“, се објавуваат снимки од разговори меѓу носителот на изборната единица три од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, и некогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Станува збор за два аудиоматеријали, од кои во првиот се слуша како двајцата зборуваат за списоци „бележени како МИОА“ на луѓе за кои некој треба да „гарантира за нив“ бидејќи има реакции од Општинскиот комитет.

Во првиот разговор, прв се слуша Јанушев, кој вели: „Еј шефе“, а потоа и Јанакиески: „МИОА наводно, списокот кој ти си го внел како МИОА немал врска со нас“, а на ова Јанушев вели: „Сигурно? Кој го вика тоа?“, па добива одговор од Јанакиески: „Онаа Даниела, кука сега. Ме нервира, негатива, у пи*** мај****“. Јанушев повторно прашува: „Кое е тоа Даниелчето?“, на што Јанакиески  одговара: !Даниела, оваа што е од општинскиот комитет“, па Јанушев се надоврзува: „Шефе, 20 луѓе има коишто се бележени како МИОА. Значи тие што се бележени како 20 ако дале, тоа значи дека 80 се поклопуваме. Овие што се…. никој не гарантирал за нив. Првиот не е бележан, само стои вика ‘работи таму’, никој не го обележал не знам дали…“. На ова, Јанакиевски му вели: „Те разбрав, овие во МИОА не работеле, ајде“, на што Јанушев му одговара: „Од таа ми е преку **р веќе, 50 мејла прати. Ако ја видам наредниот пат, утре вечер, ќе ѝ дадам еден бокс во фаца“.

И во вториот разговор именуван како „Мапирани списоци“ се слушаат Јанушев и Јанакиески. Тие зборуваат за списоци кои се гласачки за избори, како и колку од впишаните се вработени. На крајот и од овој разговор се слуша како Јанушев се заканува со физички напад.

Разговорот почнува со Јанакиески, кој прашува: „Да не си во општински комитет“, а Јанушев одговара: „Не сум, на работа сме, куцаме табели“, по што Јанакиески повторно прашува: „Колку има досега?“, на што добива одговор: „Последново што.. околу осум и пол, осум, осум“. Јанакиески му вели: „Чекај бе, вчера девет беа“, на што Јанушев му одговара: „Е како бе девет? Шест беа вчера“. Јанакиески повторно прашува: „До која бројка ќе дојдете?“, на што Јанушев му вели: „Со оглед колку нема внесено, мислам дека до кај …. околу девет, девет и пол најоптимистички. Мислам дека девет е пореално“. Јанакиески со ново прашање: „Абе, колку се… пута три?“, а Јанушев му вели: „Не можам тоа никако да ти го кажам. Некој проаѓаше во еден документ, некој проаѓаше 50 за 50 во еден документ. А само денеска примив едно двесте документи“. На ова, Јанакиески вели: „Тие не се вработени?“, а пак, Јанушев одговара: „Не, не, сè и сешто се става во едно. Да дојдеш да ги видиш списоциве во несвест ќе паднеш, катастрофа се. И таков пресек не е во можност да има….., да знам кој дал кој не дал. Можам бројката само да ти кажам  по избирачко место колку се мапирани“. Јанакиески по разговорот му вели: „УМС ќе ти стаи петка утре“, на што Јанушев одговара: „Ама ако УМС ми даде утре пет, ќе отидам на Јоцо да му лупнам една. Петок е утре. Кога ќе ги завршиме тие 500?“.

Игор Јанушев сега е носител во изборна единица три на ВМРО-ДПМНЕ, а во период од 2015 до 2017 година ја извршуваше функцијата директор на ЈСП – Скопје. Пред тоа работеше во Министерството за транспорт и врски, каде што министер беше Миле Јанакиевски.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски