А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Болницата Козле заглавена во милионски долгови, се трошело за се и сешто

by А1он22/06/2017 - 15:0522/06/2017 - 15:10226
Share0

Клиничкиот центар не е единствената здравствена установа која не ги подмирила навремено своите давачки. Инспектори од Фондот за здравствено осигурување уште минатата година ја посетиле Јавната здравствена установа Козле за да утврдат како се трошат буџетските пари. Тие во извештајот до кој дојде А1он навеле дека постои милионски долг кон повеќе добавувачи, дека се трошеле пари за гориво за приватните возила, огромни сметки кон ЕВН за неплатена електрична енергија.

Добивај вести на вибер

Доделениот годишен буџет на ЈЗУ Козле за минатата година бил 108 милиони денари, но заклучно со 30.09.2016 година долгот достигнал 41 милион денари. Според извештајот на ФЗО, со буџетски пари на болницата биле земани под закуп канцелариски простории без да се наведе целта, а бил издаван и деловен простор во посед на болницата без финансиски надомест. Во текот на 2015 и 2016 година здравствената установа вршела набавки над дозволениот месечен лимит од 500 евра. Во просек, само за репрезентации раководството месечно трошело по 1000 евра. Според извештајот, набавката на канцелариски материјали исто така била вршена недомакински. Од страна на членовите на комисијата за јавни набавки и одговорните лица потпишани се изјави за судир на интереси во поглед на набавките на опремата.

Голем дел од финансиските средства биле издвојувани и за набавка на компјутери за потребите на болницата, а некои биле плаќани екстремно скапо. Еден лап топ болницата го плаќала и по 80 илјади денари, а вкупната цена на набавката спроведена во 2016 година изнесува 354 илјади денари. Здравствената установа ги нема подмирено своите обврски кон 20 останати веледрогерии, институти и универзитетски клиники за извршување на одредени услуги. Долгот на ЈЗУ Козле кон овие здравствени установи изнесува 1.6 милиони денари. Покрај сите направени престапи во финансискиот дел, директорите на ЈЗУ Козле и вработувале незаконски. Тие ангажирале лица со договор на дело иако за тоа постоела законска забрана.

Службениот возен парк исто така бил злоупотребуван од страна на раководството на болницата. Покрај службените возила кои биле користени за лични потреби, директорите во своите приватни возила точеле гориво со службени пари без да наведат конкретна причина и објаснување за тоа.

Виктор Јованов

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 10:31

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен