ВИДЕО: Боки 13 со помош на обвинител барал рекет од бизнисмен од 8 милиони евра

Од:

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него.

Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а двајцата осомничени добиле 1,5 милиони евра.

„Обвинителството од втори мај 2019 година против две лица водеше предистражна постапка, при која се собрани материјални и вербални докази. Од месец ноември 2018 до месец април 2019 година првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставувал меѓусебен контакт меѓу првоосмничениот и осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосмничениот врз јавниот обвинител и за посредувањето во два наврати примиле еден милион и петстотини милиони евра“, рече шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал Вилма Рускоска.

Според обвинителството, средбите со бизнисменот се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците, но и во домот на провосомничениот.

„При овие средби, од сведокот биле побарани 8 милиони евра за да се запре истражната постапка против него. Доколку постапката не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности, сведокот требало да исплати 5 милиони евра, со тоа што веќе дадените еден милион евра, во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат на рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично правниот настан, повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока“, рече Рускоска.

Првоосомничениот, Боки 13, претходно примените пари ги пуштил во оптек како легално стекнати, а со нив купувал предмети, облека и плаќал одмори, иако целата сума ги надминува неговите приходи.

Обвинителството за двајцата бара мерка притвор.

Боки 13 денеска беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ при обид да излезе од државава, а Кичеец пред познат скопски ресторан.

Неполн час пред да се дознае за апсењето, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева даде оставка од функцијата.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

ОЈО: Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ