Боки 13 останува во притвор, судот смета дека може да избега

Од:

Бојан Јовановски познат како Боки 13 останува во притвор, одлучи Апелациониот суд. Судиите ја отфрлија жалбата на адвокатот Сашо Дуковски со која бараше на Боки 13 да му биде одредена алтернативна мерка за обезбедување на присуство.

Судот смета дека сеуште постои можност Боки 13 да избега и да биде недостапен за органите на прогон, како и да го повтори делото кое му се става на товар во случајот „Рекет“.

Боки 13 бараше да биде пуштен од притвор поради неговата здравствена состојба и неможноста истата да се третира во затворот. Адвокатот Дуковски пак, ги убедуваше судиите дека одлуката за продолжува на притворот која ја долнел Кривичниот суд не е издржана со аргументи.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески