(ВИДЕО) Дуковски: Итна хоспитализација на Боки 13, инаку може да има смртни последици

Од:

Адвокатот на Бојан Јовановски побара укинување на притворот и замена со друга мерка бидејќи неговата здравствена состојба е сериозна влошена и може да има смртна последица. Дуковски до судот достави и медицинска документација со која доктор Спировски Зоран од Клиниката за Торакална хирургија со која се вели дека Боки 13 мора да биде итно хоспитализиран.

„За да не излезе дека плачеме и молиме, сакам да ве запознаам со медицинската белешка. Секој втор ден осомничениот се носи во клиниката за торакална хирургија за да прима терапија и да се интервенира. Има две неуспешни операции и додека е во притвор има големи проблеми. Докторот кој го третира осомничениот ми издаде негов став, а тој предлага неопходна хоспитализација. Може да се случи смртна последица. Професор доктор Спировски Зоран издаде мислење. Поевтино е да биде хоспитализиран во клиника отколку секој ден да го носат на клиника“, рече адвокатот на Бојан Јовановски, Дуковски.

Дуковски како бранител на Боки 13 посочи дека со решението за продолжувањето на притвор издадено од Кривичниот совет, осомничениот веќе бил осуден. Дуковски вели дека нема основи за продолжување на притворот.

„По принципот на економичност, во врска со основот попречување на истрага, нема основи бидејќи истрагата е завршена. Овие решенија за притвор се во спротивност на праксата на Стразбург. Решението донесено во фаза на истрага, со образложението укажува на тоа дека е виновен за се. Тие велат „начинот на извршување на кривично дело”, кажувајќи го во минато време, како да е завршено. Велат „степенот на кривична одговорност”, „соочување со реална можност за изрекување казна затвор“, тие веќе го осудија. Ова не се основи. Ние сме сигурни дека обвинетиот нема да се даде во бегство, судот може да примени превентивна мерка. Не може кривичен совет да се вклучува во кривична одговорност. Советот испитува морив во фаза на истрага. Тогаш не треба судење. Притворот треба да биде најкраток. Имаме завршена истрага и во таква фаза, само во исклучителни случаи може да биде продолжена. Неосновани се ставовите на кривичниот совет“, рече адвокатот Сашо Дуковски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов