Бојманцалиев: Внатрешната контрола на МВР да утврди каде се „губат“ готовите пасоши

Од:

Јас не спорам дека е зголемен бројот на пасошите кои се подготвуваат, туку спорам дека има готови пасоши кои се во управните служби и не се ставени на соодветно место и не им се дадени на граѓаните и тоа е недозволиво. Вие плаќате, МВР го изработува, експедиција го носи и кога треба да го земете некој не ги наредил дали по соодветен број или во правилна просторија или се што ќе утврди Внатрешна контрола, тоа не недозволиво, изјави денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојманцалиев во одговор на новинарско прашање за неговото барање до Внатрешната контрола на МВР зошто готовите пасоши не им се даваат на граѓаните.

Како што рече тој, до него стигнувале пораки, а тоа го кажал и Народниот правобранител, дека човекот е фотографиран, пасошот е подготвен и е однесен во установатата каде треба да го подигне, но таму го нема.

-Значи, сега Внатрешна контрола оди во Одделот за персонализација каде се обработуваат пасошите и оттаму готовите документи експедицијата ги носи во управните служби. Ова појава е конкретно само за Скопје и кога граѓаните ќе отидат тој пасош да го подигнат на шалтерите им го нема. И тука е суштината кајшто јас ја барам, Внатрешната контрола да утврди каде е тој пасош кој е испечатен и од експедиција однесен во МТВ зошто го нема на шалтер. Имам сознанија од вчера и се потврдени од Внатрешна контрола дека се најдени пасоши кои ако требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под В. Тоа е еден од случаите, а натаму Внатрешнна контрола ќе испитува и ќе утврди зошто готовите пасоши на граѓаните не се дават. Која е причината и каде е грешката. Ние сме сервис на граѓаните и тоа не е политиканство, не е политика и јас се борам граѓаните да бидат услужени, рече Бојманцалиев.

На новинарско прашање дали е можно пред летната сезона Грција да дозволи влез на граѓани со пасос со старото име на државата и тоа да биде направено со листови да влегуваат кај јужниот сосед, дополнителниот заменик министер самом кратко одговори дека Преспанскиот договор не предвидува таква опција и не може да се случи.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он