А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бојкот на наставата на тетовските средношколци кои учат на македонски

by А1он01/12/2014 - 12:56198
Share0

Учениците од сите четири години од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ кои наставата ја следат на македонски јазик денеска ја бојкотираа наставата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тие заедно со своите родители се собраа во дворот пред бараката каде што учат. Со нив се солидаризираа и учениците Македонци од останатите средни училишта во Тетово.

Повод за ваквата реакција е инцидентот од изминатиот петок кога ученик во трета година беше нападнат од поголема група луѓе однадвор при што од страна на малолетник кој подоцна од страна на полицијата беше оосмничен како сторител му биле зададени три убоди, два во грбот и еден во вратот. Гимназијалците најавија дека додека не им се обезбедат безбедноста и основните услови за следење на наставата нема да одат на училиште.

– Бараме образование што може да го добиваме без да се плашиме дали ќе бидеме повредени ние или нашите соученици. Бараме безбедност и гаранција дека секој од нас ќе го преживее големиот одмор и дека секој од нас ќе се врати безбедно дома, изјави ученикот во тетовската гимназија Дејан Милосавлевски, кој во името на своите соученици го прочита нивниот проглас.

Следете a1on на Youtube YouTube

Нивните родители ги поддржуваат децата во барањата.

– Бараме осуда од сите релевантни структури на обидот за убиство. Бараме одговорност од сите надлежни органи бидејќи и претпладнето имаше инцидент. Соодветни казни според законот за напаѓачите и одговорните. Конечни најави за локалција и временска мерка за дислокалција во соодветни простории на македонските паралелки од гимназијата. Привремено решени со минимални услови за одвивање на наставата по можност во едн смена. Осигурување на безбедноста на учениците и професорите. Барање за вработување на психолог за македонска настава. Потврда за необработување на изгубените денови од бојкотот во сабота или други денови, ги искажа заедничките барања на сите родители и ученици Марјан Манојловски.

Зорица Трпковска рече дека учениците во тетовската гимназија се секојдневно гаѓани и каменувани на среде час и настава бидејќи пешачката патека поминува веднаш до ѕидот од бараката.

– Бараме успех, екстерно, интерно, а од друга страна нема елементарни услови за следење на наставата. Децата треба да ги носиме до школо и да ги земаме. На голем одмор во дворот влегуваат какви не хорди со ножеви и друго. Животот на децата е загрозен, рече Трпковска.

Директорот на гимназијата Намикќемал Мустафа го осуди петочниот инцидент и нападот врз гимназијалецот. Тој по средбата со учениците и родителите најави дека предложените мерки од нивна страна ќе ги достави со сите надлежни институции.

– Ги сослушав и тоа ќе го пренесам до моите претпоставени, во секторот на општината и градоначалничката и до другите фактори надлежни за решавање на тие проблеми доставени до мене, изјави директорот Намикќемал.

Бараката каде гимназијалците ја следат наставата е дотраена и покрај неколкуте обиди за нејзина обнова а на неколкупати во дворот и околината на училиштето имаше повеќе инциденти во кои гимназијалците беа напаѓани и навредувани.

tetovo

Би можело да ве интересира

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Горан Наумовски02/05/2026 - 08:57

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:03

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски03/03/2026 - 13:1203/03/2026 - 13:40

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:28

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:0923/02/2026 - 14:12

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто