Бојан Стојаноски: Бајден има плата од 31.000 евра, а Ковачевски и Груби ќе плаќаат 36.500 евра месечно за надзорник

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ќе има плата од 33.000 долари односно околу 31.000 евра, а надзорникот во проектот на „Бехтел и Енка“ ќе заработува 36.500 евра месечно, обвини пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во кавгата со премиерот Димитар Ковачевски во Собранието на седницата за пратенички прашања.

– Ова е дел од договорот каде што Ковчаевски и Груби презеле обврска да исплаќаат плата од 36.500 евра месечно на луѓе кои се задолжени за надзор. Претседателот на САД, Џо Бајден има плата од 33.000 долари месечно, директорот на НАСА зема плата од 16.790 долари месечно. Па што ќе работат тие ваши инженери? Затоа што сакате и од тие да украдете, во договорот не ви е утврдено колку лица ќе бидат ангажирани на оваа позиција за која се бараат минимум пет лица.

Нема да добиеме одговоор затоа што одговорот е во договорот што го склучиле господата од власта, ќе плаќаат некому по 36.500 евра за месец на некој што ќе прави надзор. Тие проекти треба да се градат, но не треба преку експерименти со кои ќе се испокрадат многу пари – рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието