Бојан Јовановски, неговиот татко Миле и асистентката Христина Блажевска денес треба да дојдат на распит кај обвинителката Вилма Русковска, за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз кој го води Обвинителството за организиран криминал и корупција. Пред нив, исказ дадоа Јасна Мандиќ која беше заменичка на Бојан Јовановски и пратеничката Фросина Ременски која е почесен претседател во сојузот.
Истрагата за овој случај не е завршена, а осомничените минатата недела правеа увид во доказите за да се подготват за давање исказ.
Обвинителството ги сомничи за делата „измама“ и „перење пари“. Адвокатот на Јасна Мандиќ по распитот кај Русковска рече дека таа била донесена во заблуда од Боки 13, а пак, пратеничката Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа.
Русковска најави обвинение за овој случај на почеток од идната година.