Бојан Јовановски во судница ја покажува скапата гардероба на „Луј Витон“, „Шанел“ и „Диор“

Од:

Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште за случајот „Рекет“, во судницата, застанат пред екранот, листа фотографии и „селфи“ од „Инстаграм“ за да докаже дека гардеробата која му е одземена од Обвинителството тој ја купувал уште во 2013 и 2014 година и дека истата не е купена со пари од рекет, како што се товари.

„Станува збор за фотографии од предмети кои беа земени од Обвинителството и тоа претставува еден преседан, започна Јовановски, по што беше прекинат од судијката рече Васка Николовска Масевска: „Не сте тука да давате завршен збор”.

Тој продолжи со листање на фотографиите, опишувајќи кое парче гардероба му е одземено, а потоа на неговиот профил на „Инстаграм“ покажуваше на кој датум е објавена фотографијата.

„Еве на оваа фотографија се гледа ‘Луј Витон’ торба, фотографирана на 8 февруари 2013 година”, коментираше Јовановски, листајќи ги фотографиите.

Понатаму, рече тој има два модели наочари, марка Том Форд во кафеава боја, фотографирани на 10 февруари 2013 година.

Следуваа чевли „Луј Витон“, торба од марката „Фенди“, бродарици марка „Шанел“, шапка „Мисони“, очила за сонце „Шопард“, каиш „Луј Витон“, кратки куси пантолони марка Дискверт, шешир „Панама“, „Балман“ ленена блуза, „Џејкобс“ накит, „Том Форд“ наочари, торба „Баленсиага“ која му била подарок од Марина Туцаковиќ, џемпер „Макс&Kо“, наочари „Шанел“, торба „Ив Сент Лорен“, блуза марка „Диор“.

Тој се уште во судницата ја набројува гардеробата што му била одземена, а за која тврди дека не била купена со пари од рекет.

„Еве, на оваа фотографија се сеќавам добро бидејќи сум сликан на промоцијата на ‘Ја излези Ѓурѓо’ од Некст Тајм” , искоментира тој за една фотографија.

Прикажаните фотографии се направени во период од 2013 до 2019 година.

Денешното рочиште ќе продолжи со приложување на докази од страна на осомничениот Јовановски.

Како што е предвидено, осомничената Катица Јанева на денешното рочиште треба да ги предложи нејзините сведоци.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Отфрлен важен случај против Трамп

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

A1on