(ВИДЕО) Богоевски: Груевски го користи премиерскиот телефон, државата уште му ги плаќа сметките

Од:

Пратеникот од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски, обвини дека поранешниот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски, се уште го користи премиерскиот телефон, кој го плаќа државата.

– До мене стигна сметка на телефонот на Груевски, односно неговиот службен премиерски телефон, кој од март до април 2017-та година, направил 184 илјади денари за роаминг.

– Тоа значи дека државата ги плаќа координациите на Груевски од Малта за циркусот што го правите овде, рече Богоевски.

Тој кажа дека пратениците од ДПМНЕ со блокирањето на Собранието го прикриваат целиот криминал, оној кој се правел пред објавување на „бомбите“ и оној кој се прави во моментов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?