Богоев за Карпош: Ветувам победа во првиот изборен круг!

Од:

„Карпош е моето секојдневие, мојата љубов, мојот живот…Во Карпош израснав, тука учев и го градев моето образование. Во оваа општина ги поминувам и најубавите години од мојот живот, а планирам уште многу да изодам.
И тоа заедно со вас!

Затоа што тука се моите најдобри другарки и другари, тука се незаборавните маалски дружби на Млечен, безброј споделени моменти со драги луѓе. Тука и ќе продолжам да живеам заедно со сите вас, градејќи подобар Карпош заедно за сите нас – граѓаните на општината која што е големото срце на Скопје. Периодот што е пред нас, ми носи и дополнителен товар, да ја оправдам укажаната доверба. Меѓутоа, колку е товар, уште повеќе е мотив, заедно со мојот тим, со големиот број на млади, но и поискусни луѓе во Карпош, лице во лице и врата до врата да ви ја претставиме

Визијата за Живот во Карпош – Општина за сите!

Од сè срце ви благодарам на големата поддршка! Тоа е тој огромен импулс, тој мотивирачки предизвик за уште поголема работа и посветеност во претстојниот период.

Енергијата и авангардноста ја симболизираат младоста.

Младоста ми дава мотив да бидам достапен секогаш за Вас, заедно да се справиме со загадувањето, урбаната мафија и заштита на зеленилото.Вклученоста на поискусните и нивните совети, се одраз на нашата разумност.Само сите заедно можеме да успееме! Затоа, ве повикувам сите да се вклучите за голема победа во Карпош, уште во првиот изборен круг од локалните избори. Да испратиме громогласна порака од Карпош – Општина за сите!

Сите за Карпош! Карпош за Сите!”, рече Стефан Богоев, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски