СДСМ: Богоев во САД, како дел од кампањата на Хилари Клинтон

Од:

Претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев е во студиска посета на Вашингтон, Соединети Американски Држави, како дел од кампањата на Хилари Клинтон, кандидатка за претседател на САД од Демократската партија, соопштуваат од СДСМ.

Богоев заедно со останатите млади лидери ќе биде дел од Парадата по повод Денот на трудот, којашто ќе се одржи во Кливленд, а свое обраќање ќе има Хилари Клинтон.

Се оствари и посета на Белата куќа и Конгресот, каде што младите имаа можност да разговараат со голем број на кандидати за конгресмени и сенатори.

Учесниците имаат можност на директен начин да бидат дел од изборната кампања во САД, делејќи промотивен материјал и остварувајќи директен контакт со граѓаните.

Се одржуваат и работилници за поефикасна изборна кампања, пренесување порака и комуникација на социјалните мрежи.

Со младите од Демократската партија беа споделени искуства за младинските проблеми ширум светот. Решенијата за млади треба да заземаат значаен простор во изборните програми на партиите.

Само низ постојана комуникација со младите може да дојдеме до квалитетни решенија, е заклучокот на младите лидери, соопштуваат од СДСМ:

Би можело да ве интересира

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

САД: „Подготвени сме за напад“

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски