Богоев на средба со пензионерите од Козле

Од:

Продолжуваат инфо сесиите со пензионерите од Општина Карпош, во врска со проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“. Денеска, градоначалникот Стефан Богоев се сретна со пензионерите од Козле, пред кои говореше за поволностите кои ги нуди картичката, со која се овозможуваат голем број на попусти и бенефиции низ локалите во Карпош.

– Имаме уникатен проект со кој воспоставивме соработка меѓу повеќе страни: локалната самоуправа, граѓаните и бизнис секторот. Со оваа картичка ќе се зголеми потрошувачката во локалите, во периодите од денот кога можеби имале помал промет, а во меѓувреме граѓаните ќе купуваат по пониски цени, рече Богоев.

На средбата се разговараше и за други актуелни прашања и проекти. Богоев ги информираше присутните за новите садници кои се засадуваат низ Општината, како и за утрешната еко – акција за чистење на Карпош, во која ќе учествува општинската администрација, фирмите, граѓанските организации и сите заинтересирани карпошани.

Пензионерите прашуваа и за проектот за „хумани патроли“, со кој локалната самоуправа ќе овозможи нега и здравствена заштита за изнемоштените лица. Тие ја поздравија иницијативата која пред некој ден ја спроведоа Општина Карпош и Лајонс клубот Карпош, за бесплатна крвна анализа (крвна слика) за најранливите категории на граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош