(ВИДЕО) Богдановиќ: ВМРО-ДПМНЕ со притисоци и закани сака да го опструира референдумот за ГТЦ

Од:

СДСМ на прес-конференција покажа докази за притисок за опструирање на референдумот во Центар од страна на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. На 26-ти април ќе се одржи првиот референдум во Центар, референдум за зачувување на духот и автентичноста на ГТЦ, и како што рече претседателот на ОО СДСМ Центар, Саша Богдановиќ, за негова обнова наместо уништување.

Ова е историски момент бидејќи граѓаните на Центар ќе одлучат каков ГТЦ сакаат.

„Никола Груевски и неколкумина соработници, уплашени од фактот, што нивните погрешни политики доживеаја дебакл во Центар, прават се, за да можат да ги попречат граѓаните, слободно да излезат и да го кажат својот став за ГТЦ.

Како и на изминатите изборни процеси, така и сега поддржувачи на Груевски ги применуваат познатите методи на притисок и закани врз граѓаните на Центар“, рече Богдановиќ.

Тоа посочи, го потврдиле членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се охрабриле и доставиле списоци од вработени во Јавната администрација, врз кои се врши притисок да не излезат на референдумот. Ова, Богдановиќ рече дека и овој пат нема да успеат притисоците и заканите и граѓаните повторно, ќе му кажат не на Скопје 2014.

„Затоа на 26-ти април да излеземе за ГТЦ и да не дозволиме за него да одлучуваат пет луѓе, заради нивните хирови и фрустрации, а пред се заради нивните бизнис зделки“, вели Богдановиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање за напад врз претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Центар, Богдановиќ рече дека одговорно тврди дека СДСМ не стои зад тоа и дека методите на сила се познати како дел од функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите граѓани утре во 14 часот можат да дојдат во населбата Капиштец, каде што ќе биде објавена нова бомба на СДСМ и од која ќе се чуе како ВМРО-ДПМНЕ владее и оди на избори со притисоци и закани“, рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски