Богдановиќ: Проблем е слабата соработка со МВР

Од:

Советот на општина Центар ја разгледа и усвои Одлуката за давање согласност на Годишниот извештај за работењето за 2014 година, на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, со детален финансиски извештај за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 година. ПОЦ ја заврши годината со добивка од над 220 илјади денари, без субвенционирање од страна на општината како што е својствено за јавните претпријатија.

На седницата директорот на ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“, Саша Богдановиќ, пред советниците го образложи сработеното и постигнатото во изминатата година.

„Во првото полугодие од 2014 година со спроведеното истражување на пазарот се подигна степенот на свесност на жителите на Општина Центар за безбедноста во јавниот сообраќај, како и степенот на користењеи задоволство од услугите што ги нуди јавното претпријатие. Со тоа се потпомогна да се решат голем дел од проблемите кои се јавуваат во централното градско подрачје.Во февруари 2014, јавното претпријатие го уредува Скверот Јадран со најнови паркинг системи за паркиралишта и со тоа се воведува ред во еден од најфрекфентните делови од градот, додека веќе следниот месец претпријатието носи во употреба нови уреди за валидирање и печатење на билети кои овозможуваат ефикасност на контролата и наплатата на паркинг услугата“, рече Богдановиќ.

Во 2014 година е воведена новинарската мобилна паркинг карта со која на новинарите им се поедностави пристапот до локациите во центарот на градот, како и паркинг картата за физички лица кои се вработени во Општина Центар со минимален месечен надоместок.

Богдановиќ укажа на слабата  соработка со надлежните институции како Министерството за внатрешни работи и Градот Скопје.

„Претпријатието има можност да ја оствари својата визија и да стане лидер во регионот во оваа област.Најголемиот ризик со кој се соочи претпријатието во претходната година и кој се провлекува и во 2015 година е молчењето на надлежната администрација и тоа сериозно влијае врз работата на претпријатието“, рече Богдановиќ

ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“  продолжува со соработка и финансирање на македонскиот кошаркарски бренд од Скопје КК „Работнички“.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска