Богдановиќ: По 52 години култниот објект „Матично“ за првпат ќе биде реконструиран во нов облик и функционален простор

Од:

Градоначалниците на Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, како и претставници од Сојузот на извидници го најавија почетокот на градежните активности за реконструкција на објектот на поранешната Управа за водење матични книги – „Матично“, кое се наоѓа во склоп на општинските бараки.

Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети”, организиран од страна на Општина Центар, а со поддршка од страна на Програмата за развој на обединетите нации – UNDP како спроведувач и Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC како донатор, одобрен е финансиски грант во износ од 50.000 швајцарски франци за реализација на три проекти кои се избрани од страна на граѓаните на одржаните форумски сесии мината 2019 година.

Младинскиот центар е еден од предлог проектите кои влегоа во финалната селекција, заедно со проектите „Отворени сцени“ и „Зајакнување на капацитетите на градинките за социјална инклузија – сензорни соби“, кои се во фаза на подготовка.

Со реконструкција на поранешниот објект „Матично“, Општина Центар ќе го отстапи просторот за реализација на програмските активности на Младинскиот центар, кој покрај основната цел ќе претставува и мултимедијален центар подобен и за други содржи во интерес на младите. Општината ќе кофинансира со 83 проценти од вкупниот износ за целосна реализација на проектот и отворање нов Младински Центар во градот.

„Особено се радувам дека белегот на градот Скопје и култниот објект „Матично“, после 52 години, за првпат ќе биде реконструиран во нов облик и функционален простор за промоција и афирмација на младинската мрежа. Креирањето на еден ваков одржлив и инклузивен центар за младите, ќе претставува сервисен центар, нов мултифункционален простор за реализација на разни едукативни активности за младинските и извидничките организации, како и неформалните групи на млади лица. Младите директно ќе бидат вклучени во креирање на политиките на локално ниво, ќе имаат соработка со основните училишта и ќе работат на социјалното вмрежување и поттикнување на неформалното образование“, истакна Саша Богдановиќ.

Градежните и градежно – занаетчиските работи ќе се изведуваат на површина од 470 метри квадратни и ќе имаат за цел да обезбедат зголемување на енергетската ефикасност на објектот и обезбедување соодветни услови за лицата со посебни потреби. Ќе се врши целосна промена на кровниот покривач со поставување термоизолација, целосна реконструкција на водоводната и електричната инсталација, промена на нова фасадна столарија со нови енергетско ефикасни прозори, како и поставување нови подови, ѕидни облоги, нови тоалети и ново осветлување.

„Овој проект на Општина Центар е она што всушност ние и го разговаравме со младите во текот на нашите кампањи пред три години, а тоа е дека дел од потенцијалите што ги имаат општините на своите територии ќе ги ставиме во служба на младинските организации, за да го подобриме младинското здружување и да направиме место каде што формалните и неформалните организации на младите ќе имаат свое престојувалиште и седиште и ќе може непречено да ги извршуваат своите активности. Објектот каде што денеска се наоѓаме, објектот на „Матично“, за многу кратко време ќе има сосема нов изглед и структура. Очекувам дека младинските организации од општината Центар ќе го препознаат ова катче како свое. Ги охрабрувам и другите градоначалници на територијата на Скопје да го следат овој пример и во рамките на своите можности да обезбедат по еден ваков капацитет за да се подобри младинското организирање“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Вкупното чинење на реконструкцијата ќе изнесува 6.941.282,00 денари со влучен ДДВ. Општина Центар ќе обезбеди 83 проценти од финансиски средства, односно 5.768.074,00 денари од Буџетот на општината за 2020 година, а останатите 1.173.208,00 денари ќе бидат обезбедени од Програмата за развој на обединетите нации – UNDP во форма на донација.

Градежните активности се планираат да завршат во наредните 50 дена.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски