Богдановиќ: Лазаров и медиумите кои верно го следат ја хрант јавноста со невистини

Од:

Во недела (22.11.2015) директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ, излезе во јавноста со официјален документ, заверен со архивски печат каде што јасно може да се види колкави се неговите примања.

„Немам потреба да ги кријам моите примања, затоа на пресот во неделата изнесов валиден документ, за јавноста да може да види колку заработувам. Го повикувам г-н Лазаров да излезе со валиден официјален документ, заверен со архивски печат и да ја потврди својата теорија, во спротивно да замолчи и да не шири невистини за мене и за вработените во јавното претпријатие“, изјави Богдановиќ.

Лазаров и медиумите кои верно го следат ја хрант јавноста со невистини и на нечист начин сакаат да заработат поени.

„Вчера поднесена е кривична пријава за злоупотреба на лични податоци поради прибирање, обработка и јавно објавување на моите податоци што се однесуваат на личните податоци под посебна заштита. Наскоро ќе биде поднесена тужба за клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, поради клеветничките изјави што се однесуваат за наводната месечна плата што сум ја земал од претпријатието“, додаде директорот на ПОЦ.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски