Богдановиќ: Ќе работиме на решенија да се намали или избегне сообраќајот секаде каде е тоа можно

Од:

Сообраќајниот и урбаниот хаос, проблемот со паркирањето, преголемата висина на објектите се едни од проблемите во општина Центар за чие решавање одговор бараа советниците и претседателот на Советот, Јана Белчева-Андреевска.

Ниту општина Центар, ниту било која друга општина, со актуелното законско решение во текот на градба од страна на надзорот, врши контрола само еднаш – при приемот на објектот. Надлежните служби од општината предлагаат измени во Законот со кои општината ќе може да прави технички прием и инспекција во текот на целото градење. Со измените се бара и можност доколку е тоа во јавен интерес, да може да се намали габаритот на градбите со носење на нови ДУП-ови.

На прашањето од советниците за забрана на сообраќај на одредени улици, градоначалникот Саша Богдановиќ појасни дека мора да се направи сообраќаен проект кој ќе биде прифатен од надлежните.

„Ќе работиме на решенија да се намали или избегне сообраќајот секаде каде е тоа можно. Општина Центар во 2012-та година донесе 20 урбанистички планови, потоа беше донесен и Генералниот Урбанистички План (ГУП) и од тогаш се јавуваат главните проблеми во Центар. Со двата мораториуми кои ги изгласа Советот, ќе се добие јасна слика што и како е градено за да не се повторуваат истите грешки во новите Детални Урбанистички Планови“, рече Богдановиќ.

Градоначалникот писмено ќе одговори на прашањата за тоа колку барања се доставени за време на првиот и вториот мораториум, а за колку од нив, во периодот помеѓу двата мораториума има издадено одобренија за градење, како и за финансиските импликации на мораториумот. Забрзано се работи и на изготвување на нови ДУП-ови, а наредната недела 2 ДУП-а ќе бидат доставени до Советот.

Проблемот со владеење на неизграденото градежно земјиште со кој се соочуваше претходниот состав на Советот поради опструкциите од тогашната централна власт, ќе биде надминат. Богдановиќ рече дека овој процес брзо ќе заврши бидејќи веќе е почнато трансформирањето на градежното земјиште.

Работите на основното училиште во Капиштец се одвиваат со предвиденото темпо. Комплетно, училиштето ќе биде готово во мај, 2019-та година.

До крајот на овој месец ќе бидат подготвени новите простории за децата со посебни потреби, за кои се предвидени многу подобри услови во новото училиште.

Во врска со бездомниците и „Урбан парк“, Богдановиќ рече дека имало неколку обиди да се најдат живеалишта за овие бездомници, но тие одбиваат.

„Не сакавме во зима да пристапиме кон отстранување на овие монтажни, картонски живеалишта, но наскоро ќе почнеме, бидејќи имаме многу поплаки од жителите. Се разбира, во соработка со другите институции ќе им најдеме живеалиште на овие лица“, рече Богдановиќ. За три месеци ќе биде обновена урбаната опрема и зеленилото во „Урбан парк“.

Конечно еден од најголемите проблеми на жителите на Маџир Маало, улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, ќе започне да се реконструира. За десеттина дена се чека одобрениот од општина Аеродром, бидејќи дел од улицата е под нивна надлежност.

Општина Центар започна акција со која на сопствениците на тераси и урбана опрема им се бараат елаборати и дозволи. Доколку ова не се добие во одреден рок, ќе се пристапи кон нивно отстранување. Ова, рече Богдановиќ, е голем наследен проблем.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски