Богдановиќ: Демантирам учество или организација на насилни протести и предизвикување на нереди

Од:

„На ден 08.05.2015 година во неколку провладини портали излезе информација дека сум бил претепан поради долгови од своја навивачка група.            .

Најостро демантирам дека имам своја навивачка група и долгови. Очигледно дека се продолжува со континуираната дискредитација на мојата личност, нанесување на штета на мојот углед и чест поради мојата политичка определба, особено како Директор на ЈП Паркинзи на општина Центар.

Демантирам било какво учество или организација на насилни протести, или пак предизвикување на нереди, како што е објавено во овие медиуми, а ова може многу лесно да се потврди и од полицискиот извештај на надлежната полициска станица од каде е уредно извршен увид“, се вели во демантот на Саша Богдановиќ, Директор на Паркинзи на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он