Саша Богдановиќ на својот профил објави статус во кој посочува дека ноќеска може да се случи, како што вели „Бристол втор дел“, или доуништување на парцелата кај Автомакедонија.
Еве што напиша Богдановиќ:
Доцна во ноќта после 1 часот најверојатно ќе следува втората епизода во доуништувањето на последната останата парцела спроти „Старата железничка станица“.
Да потсетам 2013 година исто после 1часот во два наврати (прво кога ги сечеа дрвата) и втор пат (кога ги поапсија паркобраните) специјалните единици, над 100 тина за неполни два часа направија опсада на паркот кај „Бристол“. Го масакрираа и уништија единственото зелено катче на граѓаните од тој дел од центарот на градот.
За вечер повторно се собираат специјалци кои можеби повторно ќе го опседнат и оградат паркингот кај „Автомакедонија“, кое во 2012 година, Миле Јанакиевски (кој пое.а пола мајки и шајки) и е најодговорен за фалсификатите на изборите посебно во Центар го продаде на јавна аукција. Истиот тој требаше досега да го раскине купопродажниот договор заради неиспочитување на одредени членови во истиот.
Заради тоа пред некој ден доби кривична пријава од самите станари кои се најзасегнати. Дали Миле и останатите се светат на граѓаните кои ги казнија 2013 и 2014 година на изборите па истиот се заканува дека ќе им ја затвори зградата за да неможат да излеат на гласање? Вечер сите граѓани треба да бидат будни. Можно е да се повтори „Бристол“. Да потсетам пред некој ден пробаа да го оградат паркингот, но реакцијата на граѓаните ги спречија во таа намера. За истиот плац се води спор за нарушено владение, но и пред скоро време е поништено одбрението за градба!