Богдановиќ: Барам извинување од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар и провладините медиуми

Од:

На денешната прес конференција, директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ реагираше на грубите обвинувања и клевети на провладините медиуми кои се добиени по пат на фалсификувани документи и шпекулации.

За сите медиуми кои се вклучени во објавата на неточните информации и фалсификатите, директорот изјави дека ќе поднесе соодветна пријава што се однесува до објавениот документ. Сумата како плата што е наведена е груба манипулација, бидејки платата на директорот е далеку пониска од наведената. Износот на примањата на директорот, како и на сите вработени во јавното претпријатие, е утврдена со Правилник за плати.

„Во рок од 24 часа барам ИЗВИНУВАЊЕ од ОК на ВМРО ДПМНЕ-ЦЕНТАР и од сите медиуми вклучени во оваа објава, во спротивно ќе биде поднесена кривична пријава во согласност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, изјави Богдановиќ.

Ова е очигледно уште еден нечист обид да се шират невистини, типичен за провладините медиуми во последните неколку години.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он