Бочварски вети низа на проекти за штипските населби Баби и Дузлак

Од:

Нови тротоарни површини, но и асфалтирање на улици во штипските населби Баби и Дузлак се дел од програмата за работа на новата локална власт, најави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски.

– Што се однесува до Основното училиште „Славејко Арсов“ и градинката во населба Баби ќе добијат нови енергетски фасади не само да бојадисуваме фасади како што тоа го прави актуелната локална самоуправа, туку да направиме енергетски ефикасни фасади кои што ќе направат заштеда на енергија, ќе дадат подобри услови за децата, рече Бочварски.

Тој истакна дека новото раководство на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ пред неколку дена ја отвори и здравствената амбуланта во населбата Баби, а фудбалското игралиште во оваа населба ќе добие и свои трибини, за граѓаните да можат без проблеми ги следат натпреварите.

Бочварски најави дека ќе се подобри и уличното осветлување, а ќе биде поставен и нов дрворед меѓу населбите Дузлак и Баби и ќе се уредат сите зелени површини.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори