Бочварски упати честитка по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам упати честитка до сите верници од исламската вероисповест во општината, во која се вели:

„Дозволете ми на сите верници од исламска вероисповест во нашата општина и во нашата земја да ги упатам моите искрени честитки по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, со желби за добро здравје, успешна и плодотворна работа. Во оваа прилика сакам да ги изразам моите искрени заложби за почитување на верската различност и негување на меѓусебната толеранција, како универзални вредности врз кои е основано современото општество. Со тоа сите даваме огромен придонес во заедничкиот стремеж за просперитетна иднина на сите граѓани на нашата општина и нашата земја. Нека овој празник донесе радост и среќа, успех и напредок, мир во душата и зближување на срцата,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му