Бочварски: Секој вторник влезот во Бања Кежовица е слободен за пензионерите од Општина Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип беше во Бања Кежовица за да презентира уште едно исполнето предизборно ветување. Станува збор за ветените бесплатни бањски билети за пензионери.

„Зборот е збор! Ветивме и остваруваме. Секој вторник влезот во Бања Кежовица е слободен за пензионерите од територијата на Општина Штип,“ рече градоначалникот Бочварски.

На претпоследната седница на Совет на Општина Штип е донесена Одлука секој вторник да биде ден во кој пензионерите ќе можат да добијат слободен влез, односно бесплатно користење на општата бања. За да добијат бесплатен влез, пензионерите со себе треба да ја понесат пензионерската легитимација издадена од ЈП „Исар“.

„Мерката којашто беше промовирана се спроведува веќе трет вторник. Првиот вторник 90 пензионери ја искористиле оваа мерка, вториот вторник 160 пензионери ја искористиле мерката,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Се очекува бројката да расте, а пензионерите да бидат задоволни од ваквата услуга. И понатаму ќе се работи на обезбедување поддршка и услуги за пензионерите, затоа што тие го дале својот придонес во градењето на нашето општество во минатото, а сега ние сме должни да им обезбедиме пристојна старост.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара